Уапсен другар на Трамп и Клинтон, американски милијардер продавал деца за секс

Американскиот милијардер и регистриран сексуален напаѓач Џефри Епстајн (66) е уапсен поради обвинување за трговија со деца, кои ги продавал за давање на сексуални услуги.

Милијардерот е притворен поради дела направени во 2002 година и 2005 година, а е уапсен во саботата на аеродромот во Њујорк, кога се враќал од Париз, пренесува „Ен-Би-Си њуз“.

Епстајн е веќе осуден поради сексуално злоставување на деца, а со судот направил договор за призанание на вината. Наместо доживотна казна затвор, Епстајн е казнет со 13 месеци затвор, парична исплата на жртвите и да влезе во регистарот на сексуални напаѓачи.

Некои од жртвите на Епстајн проговорија

Неименувам полициски службеник, навел дека Епстајн се сомничи дека на децата им плаќал за наводна масажа, а всушност сексуално ги искористувал.

Тогаш како што вели полицаецот, побарал од малолетните деца, да му донесат нивни пријатели, на кои исто така им плаќал за сексуалните услуги.

Некои од жртвите на милијардерот, а се проценува дека ги има околу 40, се помлади од 14 години. Епстајн своите злосторства ги извршувал во неговите куќи кои ги има во Њујорк и на Флорида.

Милијардерот, како што пренесува агенцијата Асошиејтед Прес, бил пријател со поранешнот американски претседател Бил Клинтон, британскиот принц Ендрју и американскиот претседател Доналд Трамп.

Епстајн се очекува да се појави пред судот во понеделник во Њујорк.

 

Текстот Уапсен другар на Трамп и Клингон, американски милијардер продавал деца за секс е превземен од Reporter.mk.