Убиецот на Маринова негира дека ја силувал новинарката

Германскиот суд наведе дека Бугаринот кој принза дека ја убил бугарската телевизиска новинарка Викторија Маринова, ќе биде испорачан во татковината во наредните неколку дена.

„Наскоро ќе моде да се очекува испорака на обвинетиот. Уапсениот му призна на судот ндека на 6 октомври 2018 година, имал вербална расправа со жртвата. Тој бил под влијание на алкохол и дрога и ја удрил жената во лице, по што таа паднала, а потоа ја подигнал и ја однел во грмушките. Потоа изјавил дека го напуштил местото на настанот“, навеле службите од високиот регионален суд во Германија во своето соопштение.

Понатаму е наведено дека 26 годишниот осомничен, кој на 10 октомври е задржан во притвор по издадената европска потерница, изјавил за време на испитувањето дека не сакал да ја убие жртвата и дека го негирал силувањето.

Во ноќта на 10 октомври, 21 годишниот бугарски државјанин, Северин Красимиров е уапсен во Германија под сомнение дека ја силувал и убил 30 годишната Маринова, уредничка и водителка на ТВН.

Убиството е сторено во градот Руса, на 6 октомври, а се верува дека Красимиров побегнал во Германија. Наскоро ќе се соочи со судење во Германија, пред да биде испорачан во Бугарија.

И признал на мајка му дека го извршил убиството
Мајката на 20 годишниот Бугарин, уапсен во Германија поради убиството изјавила дека нејзиниот син и признал дека е виновен.
„Призна дека тоа го сторил додека бил пијан и многу дрогиран“, изјавила Надежда Красимирова на бугарските новинари во Германија, каде таа живее.
„Призна и почна да плаче пред мене. Тој не е таков, не можам да го разберам“, додала таа.
Бугарските обвинители го обвинија Северин Красимиров во отсуство и за силување и за убиство на новинарката и побараа негова испорака од Германија.
Телото на 30 годишната Маринова, водителката на емисија за регионални настани на локална телевизија, беше пронајдено во саботата во еден парк, во близина на едно пристаниште на Дунав.

Текстот Убиецот на Маринова негира дека ја силувал новинарката е превземен од Reporter.mk.