Вакцината може да го направи вирусот полош, предупредува главниот епидемиолог во САД

Вакцината не е гаранција дека коронавирусот ќе биде победен, напротив истата може да има и несакани ефекти, вели директорот на Националниот институт за алергии и заразни болести Ентони Фаучи, пишува „Фокс ТВ“, а пренесува српски Курир.

Фаучи изјави дека американските компании работат на најмалку осум вакцини и дека ако сè мине во најдобар ред, веќе на крајот на есен или на почетокот на зимата, би можело да се знае дали вакцината ќе биде успешна или не.

„Националниот институт за здравје работи брзо и во моментов развива најмалку осум вакцини, па оттука очекуваме повеќе резултати“, изјавил Фаучи, кој предупредил на можноста на негативните последици на вакцината, затоа што би можела да ги засили последиците настанати од вирусот.

Главниот американски епидемиолог, кој со децении е на чело на институтот, за време на мандатот на шест американски претседатело, потсети дека уште во јануари било соопштено, дека за развој на вакцината потребни се 18 месеци.

Според неговите зборови, 14. јануари е денот кога официјално се почнало да се работи на вакцината, а 62 дена подоцна, настапила првата фаза, фазата на клиничко испитување, на две дози на доброволци.

Во наредните недели, ќе следи, втора и трета, изјавил Фаучи и објаснил дека ќе бидат вклучени и тестирања на вакцинте и на животни.

„Ако сме успешни, се надеваме дека тоа ќе го откриеме во периодот на доцната есен или раната зима. Имаме многу кандидати и се надеваме на повеќекратни резултати. Тоа ќе биде добро, глобално гледано, ако имаме повеќе од еден успешен кандидат за вакцината“, изјавил Фаучи, пренесува „Фокс ТВ“.

Фаучи објаснил дека NIH соработува со фармацевската индустрија за да се постигне посакуваната цел. Тој, во своето обраќање пред Конгресот од својот дом, каде е во самоизолација, поради можноста дека е заразен, откако бил во контакт со заразен член од персоналот во Белата куќа, ги предупреди Американците на последиците од испитувањата.

„Морам да предупредам дека постои и можност од негативните последици, каде одредени вакцини всушност можат да го засилат негативниот ефект на инфекциите“, изјавил Фаучи.

Тој објаснил дека клучното прашање, кое експертите го споменуваат е ефикасноста на вакцината која засега останува непозната. Сите се прашуваат дали ќе биде ефикасна или не и колку долго, изјавил ветеранот епидемиолог, како што го нарекуваат Фаучи во САД.

Извор/Курир.рс/Фокс ТВ

Текстот Вакцината може да го направи вирусот полош, предупредува главниот епидемиолог во САД е превземен од Reporter.mk.