(Видео) 12 годишно девојче останало парализирано откако ја примило Gardasil вакцината

Британката Миа Блески откако на 12 годишна возраст ја примила вакцината Gardasil се појавиле проблемите со одењето. Нејзиното семејство вели дека во рок од само 24 часа, откако Миа ја примила вакцината, нивната ќерка не можела да се движи, а се појавило и воспаление на нејзинот р’бетен столб, пренесува „Дејли Мејл“.

Медицинските британски служби тврдат дека Gardasil вакцината е лиценцирана, сигурна и ефикасна и истата се користи за заштита од ракот на грлото на матката.

Родителите на Миа го тврдат спротивното. По само неколку недели, тие велат дека парализата се проширила на сите екстремитети. Лекарите одбиле да принзаат дека симптомите почнале откако Миа ја примила вакцината. Наместо тоа тие велеле дека нејзината парализа била само во нејзината глава и дале предлог девојчето да биде згрижено во соодветна институција.

„Наместо да му помогнат на нашето дете, кое имаше сериозни здравствени проблеми по примањето на вакцината, британските здравствени власти сакаат да ја сместат во ментална болница“, изјавило нејзиното семејство за британските медиуми.

Според нив, Миа ја изгубила способноста за користење на своите екстремитети, пати од инконтиненција, а семејството се бори и со начинот на кој таа редовно ќе биде нахранета.

„Од нормално здраво 12 годишно девојче, кое сонуваше да стане поп-ѕвезда, се претвори во неподвижна безживотна личност. Миа е парализирана од вратот па се надоле, но за среќа сеуште може да зборува и пее“, велат нејзините родители.

Нејзиното семејство вели дека ја однеле Миа во болница уште првиот ден, откако ја примила вакцината Gardasil. Нејзината мајка Гини Блески, вели дека следното утро Миа не можела да се движи. Нејзините нозе биле нестабилни и не можеле да ја понесат нејзината тежина.

Лекарите ја испратиле дома, велејќи дека и било потребно само парацетамол. Но, како симптомите на парализа се влошувале, Миа веднаш била однесена во болница.

Во рок од 10 дена, како што вели Гина, Миа целосно ги изгубила функциите на долните екстремитети. Во рок од неколку недели, таа ги изгубила и функцијата на двете раце. Медицинскиот персонал одбиле да и помогнат.

„Кога Миа била примена во болница, лекарите изјавиле дека тоа е облик на самоповредување и тоа таа си го направила самата себе си“, изјавила Гини за „Дејли Мејл“.

„Ја пуштија по неколку дена. Не и пружија никаков лекарски третман. Моравме да и купиме инвалидска количка. Морав да ја носам во автомобил“, додала мајката.

„Беше апсолутно страшно, лекарите говореа дека тоа било на психолошка база, дека го злоставувала своето тело и имала некакви сексуални проблеми“, изјавила Гини.

Мајката на Миа наведува дека медицинскиот персонал не и пружиле никаква медицинска грижа и одбиле да принзаат дека нејзината влошена здравствена состојба е благодарение на вакцината Гардасил и покрај тоа што безброј други девојки имале слични симптоми по вакцинирањето.

Како што известува „Дејли Мејл“, Миа не е единственото девојче кое физички е уништена од вакцината против HPV. Од февруари 2017 година, статистиката на Европската агенција за лекови покажува дека се забележани уште 11,867 реакции на Gardasil.

Здружението на британски ќерки, претставено од повеќе од 400 семејства кои реагирале на вакцините кои ги примиле нивните деца, упорно барало поголемо истражување за безбедноста на Gardisil и другите вакцини против HPV.

Во декември 2016 година, 16 годишната Руби Шалом исто така доживеала парализа по вакцинацијата со Gardasil. Безброј деца се повредени по примањето на оваа вакцина ширум светот.

Во Јапонија, повеќе од 100 жени поднеле тужба против произведувачот на вакцините против HPV, поради штетата која им била нанесена на нивното здравје.

Владини челници во Шпанија поднеле казнена пријава против вакцината Gardasil и неговиот производител, наведувајќи дека целосно го занемариле ризикот со вакцините за човечкото здравје.

Во една направена студија, заклучено е дека HPV цакцината е целосно смртоносна.

Текстот (Видео) 12 годишно девојче останало парализирано откако ја примило Gardasil вакцината е превземен од Reporter.mk.