(Видео) Адвокатите објавија снимка од сексуалниот напад на Доналд Трамп

Адвокатите на Доналд Трамп стигнаа до снимка на која се гледа како американскиот претседател за време на изборната кампања во 2016 година ја бакнал жената Алва Џонсон, една од неговите поддржувачи.

Алва Џонсон годинава подигнала обвинение против Трамп, тврдејќи дека американскиот претседател за време на кампањата на сила ја бакнал во уста. Кај голем број заговоници во јавноста се јавија голем број  прашања за тоа дали Џонсон ја зборувала вистината за инцидентот од 2016 година, дека Трамп се обидел да ја бакне во уста.

Трамп, како што вели Џонсон, се доближил доволно блиску за да може таа да го почувствува неговиот здив на кожата, кога изненадувачки сфатила дека се обидува да ја бакне во уста, е наведено во судските документи.

Џонсон изјавила дека се обидела да го избегне бакнежот и да ја сврти главата на десно. Но, Трамп сепак ја бакнал во дел од устата. Тоа наводно се случило во еден камп во возило стационирано во Тампа на Флорида. Џонсон инаку била задолжена за камперите кои се користени како подвижни канцеларии во кампањата на Трамп за претседател.

Во средата еден од адвокатите на Трамп, Чарлс Хардер, ја објавил снимката на која и тој и адвокатите на Алва Џонсон се согласиле дека е прикажан инцидентот. На  клипот, кој трае 15 секунди, се гледа дека Трамп ја бакнал Џонсон во образот, но не е јасно дали нивните усни имале каков било контакт.

Адвокатот на Трамп вели дека на снимката се гледа моментот меѓу членот на кампањата и кандидатот за кој таа работела и дека таа е доказ дека тужителката нема легитимни докази за своите тврдења дека се работи за прекршок и дека таа лажела пред судот. Адвокатот објаснил дека по оваа средба, Џонсон имала само пофалби за Трамп.

Адвокатите на Џонсон го возвратиле ударот и го повикале судот да им дозволи детално да ги испитаат доказите.

„Ние сме задоволни што конечно добивме доказ врз база на она што госпоѓа Џонсон го тврдела во тужбата. Тоа е основа на она што и самата таа го говорела“, изјавил Хасан Завари, еден од нејзините адвокати.

Откако ја виделе снимката, адвокатите на Џонсон поднеле судски документ во кој велат дека видеото го покажува точно тоа што госпоѓа Џонсон го тврдела дека се случило. Непосакуваниот бакнеж од обвинетиот Трамп.

Во документот е наведено дека Џонсон погрешила во некои мали детали по тој инцидент, како што е фаќањето на неговите рамења, наместо рацете, а наводниот бакнеж го нарекуваат неоспорен. Во документот се тврди дека адвокатите на Трамп симнале важни информации од снимката.

„Без  конкретни метаподатоци за видеоснимката, госпоѓа Џонсон не може да утврди како е направено видеото  и други важни информации за неговото потекло“, е наведено пред судот.

„Дали изгледа драматично? Не. Но, тоа не значи дека не се работи за сериозен прекршок. Тоа е прекршок, затоа што таа не сакала тоа да се случи. Непријатно и некултурно е да ѝ го направите такво нешто на  која било личност“, изјавил Завари за „Политико“.

Џонсон изјавила дека претходно била приврзаничка на демократите. Во тужбата е наведено дека била помалку платена од белците кои имале исти задолженија во кампањата и го обвинила Трамп за дискриминација.

 

 

Текстот (Видео) Адвокатите објавија снимка од сексуалниот напад на Доналд Трамп е превземен од Reporter.mk.