(Видео) Асанж добил два сина со неговата адвокатка, додека бил во амбасадата на Еквадор

Адвокатот на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, Стела Морис откри дека му родила два сина додека тој престојувал во амбасадата на Екадор во Лондон. Стела вели дека поднела барање за негово ослободување од затвор, истакнувајќи дека неговиот живот е во опасност поради пандемијата со коронавирусот.

Таа истакнала дека постои сериозна опасност за неговото здравје, додека е во затвор, пренесува британски „Гардијан“. Весникот пишува дека здравјето на Асанж е нарушено веќе подолг период, а неговите пријатели тврдат дека коронавирусот се проширил во затворот Белмарш во Лондон, каде тој го чека сослушувањето за испорачување во САД, кое е одложено за 18 мај.

Стела тврди дека еден затвореник починал од коронавируот и дека одреден број на чувари се наоѓаат во изолација. Стела Морис во писмото кое го упатила до судот, одлучила да открие дека со Асанж ги добила Синовите Габриел и Макс. Таа стравува дека животот на Асанж е во опасност, ако остане уште малку време во затвор.

Таа во писмото објаснила дека со Асанж се запознале во 2011 година, додека таа била правен истражител и дека пријателството и покрај вонредните услови, прераснало во врска во 2015 година.

Таа додала дека вложила голем труд и напор за да го заштити тригодишниот Габриел и едногодишниот Макс, од атмосферата која ги опкружува поради нивниот татко Асанж.

Асанж присуствувал на раѓањето на двете деца во Лондон, преку видео-линк, а постарото дете Габриел го видел во амбасадата на Еквадор. Асанж беше уапсен во април 2019 година, откако мина седум години во амбасадата на Еквадор во Лондон.

Текстот (Видео) Асанж добил два сина со неговата адвокатка, додека бил во амбасадата на Еквадор е превземен од Reporter.mk.