(Видео) „Бед блу бојс“ имале договор да го убијат Пикси

Утре навршуваат 30 години од неславниот „натпревар“ на „Максимир“ помеѓу Динамо Загреб и Црвена Ѕвезда. Натпревар кој се одигра на 13 мај 1990 и кој никогаш не заврши, а кој беше сигнал за зовриените националистички страсти во поранешна Југославија.

Три децении подоцна, откриена е приказната, односно пеколниот план на навивачите на Динамо, познати како „Бед блу бојс“, кои велат дека сакале да го убијат еден од најдобрите фудбалери на Ѕвезда, Драган Стојковиќ Пикси.

Поранешниот полицаец Рефик Ахметовиќ, во интервју за хрватскиот весник „Јутарњи лист“ ја објасни жестоката атмосфера која ја предизвикале навивачите на Динамо и нивниот план да го убијат Драган Стојковиќ-Пикси.

„Кога малку ги притиснавме фановите на Динамо, кои од северот на трибината влегоа на терен, ги прашавме зошто дивеат. Ни одговорија дека имале договор да го убијат Пикси. Сите го кажуваа тоа, дека добиле наредба да го убијат Драган Стојковиќ. Но, поради промената на власта и на полициските управи, никој не инсистираше да се открие кој ја дал таа наредба“, вели Ахметовиќ.

Масовната тепачка помеѓу „Бед блу бојс“, „Делии“ и полицијата, кулминираше со ударот на тогашниот фудбалер на Динамо, Ѕвонимир Бобан над Ахметовиќ кој го озбедуваше мечот.

Сега, речиси 30 години подоцна, полицаецот Рефик, во интервју за хрватскиот весник „Јутарњи лист“ ја открива вистината. Тој 13 мај 1990 година, на „Максимир“ почна распадот на поранешна Југославија.

Црвена Ѕвезда гостуваше во Динамо, а никој не претпостави што ќе се случи на фудбалскиот терен. Во еден момент навивачите на Динамо излегоа на теренот и тргнаа да се пресметаат со „Делиите“. Дури потоа се вклучи полицијата и почна да се пресметува со навивачите.

Хрватскиот фудбалер Ѕвонимир Бобан, во тој момент скокна и го удри полицаецот Ахметовиќ.

„Можев да го убијам. Ме нападна на работното место. Го спасија кога го одвлекоа од мене. Ние сакавме да ја смириме ситуацијата, а Бобам ги повика хрватските навивачи на терен. Тоа беше режирано. Јас имав наполнет пиштол и колегите ме наговорија да пукам, но јас не сакав. Ако натпреварот продолжеше, ќе имаше мртви“, вели полицаецот Рефик Ахметовиќ, пренесува „Јутарни лист“.

Фудбалскиот натпревар прерасна во ужас кој, години дена подоцна беше окарактеризирак како една од искрите за воената атмосфера на просторот на поранешна Југославија.

Текстот (Видео) „Бед блу бојс“ имале договор да го убијат Пикси е превземен од Reporter.mk.