(Видео) Чуварите на Епстајн наместо да го гледаат, тие кобната ноќ седеле на интернет

Двајцата чувари кои биле на смена во затворот во кој престојувал милијардерот педофил Џефри Епстајн се обвинети дека го фалсификувале записникот и дека не ја извршиле својата задача да го гледаат милијардерот.

Обвинителството ги товари двајцата затоа што не го проверувале Епстајн на секои 30 минути. Наместо тоа, двајцата седеле на интернет, пренесува Би-би-си. Двајцата чувари се обвинети за лажни записи и заговор за правење лажни записи и за измама на државата.

Тие се појавиле во судот во вторникот и се изјасниле деке не се виновни. На двајцата им е одредена кауција од 100.000 долари за секој од нив посебно, пишуваат американските медиуми.

Текстот (Видео) Чуварите на Епстајн наместо да го гледаат, тие кобната ноќ седеле на интернет е превземен од Reporter.mk.