(Видео) Коронавирусот може да потрае со години, преселбата во бункери за некои Америкнаци не е лоша идеја

Дел од Американците се исплашени дека пандемијата со опасниот коронавирус може да трае со години, па затоа уште сега се подготвуваат и превземаат екстремни мерки за да се заштитат. Некои од нив за да ја избегнат глобалната пандемија, се преселиле во преуредени поранешни воени засолништа во Јужна Дакота.

Повеќето од нас се надеваат дека самоизолацијата за време на пандемијата ќе биде завршена за неколку недели и дека животот ќе се врати во нормала. Но, едно семејство во САД, се подготвило и повеќе од доволно, за да може да помине и преживее под земја и во наредните неколку години.

Семејството Гембалас пред три години купило поранешен воен бункер, направен од бетон и челик во Јужна Дакота. Дури 575 вакви бункери се до 1967 година се користеле како засолниште од бимби и куршуми, пишува „Раша тудеј“.
Тие имаат сопствено напојување (соларно, на ветер и дизел генератори), имаат и течна вода, но и доволно сушена и конзервирана храна за дури две години.
Секој сопственик добива свој бункер за цена од 35.000 долари и може лесно да се прилагоди. Фирмата која ја води локацијата „Вивос“ себе си се смета за резервен план за човештвото.
Се проценува дека може да потрошите меѓу 30.000 и 150.000 долари, а некои од нив имаат раскошни купатила, полни дневни соби и удобни спални сони. Судејќи според фотографиите на веб страната на „Вивос“, на прв поглед ќе помислите дека се во прашање хотели со четири ѕвездички, а не бункери, затоа што некои поедини делови содржат дури и теретани, базени, кина и барови.

Текстот (Видео) Коронавирусот може да потрае со години, преселбата во бункери за некои Америкнаци не е лоша идеја е превземен од Reporter.mk.