(Видео) Кулите близначки се срушени со експлозив, тврди пензиониран српски полковник

Професор доктор Светозар Радишиќ, полковник на Војската во Србија во пензија, експерт за стратегија и воена доткрина, борбена подготвеност „сведимензионална одбрана“, „психолошка војна“, „невооружен облик на агресија“ и „нов светски поредок“, изнесе тешки обвинувања на сметка на САД, по повод нападите на кулите близначки.

За Радишиќ на 11 септември 2001 година не бил извршен терористички напад. Тој во интервју за емисијата „Балкан инфор“, изјавил дека со своите колеги од војската на Југославија, ги анализирал снимките на нападот на Светскиот трговски центар во Њујорк и утврдиле дека Кулите близначки биле срушени со експлозив.

Радишиќ не смета дека ударот на авионите во висококатниците е причина за рушењето на двете згради, како што гласи официјалната верзија на настанот.

„Станува збор за инжинерско рушење“, тврди Радишиќ.

Тој ги анализирал и обидите на тогашниот претседател на САД, Џорџ Буш во моментте кога за време на посетата на основното школо, ја добил веста за нападот на Њујорк. Радишиќ верува дека Буш знаел што ќе се случи и дека на снимките се гледа неговата нервоза додека чека да го известат за испланираниот напад.

Радишиќ објаснува дека американските служби толку манипулирале со информациите, што многумина во Америка, често не знаат што е вистина, а што манипулација во целиот тој настан.

Текстот (Видео) Кулите близначки се срушени со експлозив, тврди пензиониран српски полковник е превземен од Reporter.mk.