(Видео) Милијардерот Илон Маск сака да става чипови во човечкиот мозок

Компанијата која ја основал Илон Маск, NeuraLink, има за цел да ги истражи начините за поврзување на човековиот мозок со компјутерскиот интерфејс. Сега Маск бара дозвола од американските законодавци да започне тестирање на уредите на луѓе.

Уредот веќе е тестиран на мајмуни, а тестот се покажал како успешен, тврди Маск. Од компанијата наведуваат дека сакаат да се насочат на пациентите со сериозни неуролошки проблеми. Но, Маск пред се има идеја за иднината на суперчовечката когниција.

Уредот кој компанијата го има направено е создаден од мали сонди кои содржат повеќе од 3000 електроди закачени на флексибилни обвивки наравени од човечка коса, кои можат да ја надгледуваат активноста на 1000 неврони.

Предноста на овој систем, како велат од компанијата, е тоа што може да таргетира многу специфични делови од мозокот, што операцијата ја прави многу безбедна. Исто така можат да се анализираат и забележат информации, за да се утврди кој тип на стимулации одговара на пациентот.

„Неуралинк“, не објаснува како системот ги пренесува мозочните активности или како уредот може да ги стимулира мозочните ќелии.

„Нема наеднаш да имаме некоја неверојатна неурална мрежа и дека ќе можеме да ги контролираме мозоците на луѓето“, изјавил Маск на презентацијата.

Но, оние кои ќе прифатат да бидат тестирани, ќе им биде овозможено симбиоза за вештачка интелегенција. Маск претходно изјавил дека вештачката интелегенција би можела да ја уништи човековата раса. Дури и преку најблагото сценарио на вештачката интелегенција, човечката раса би била инфериорна.

„Преку мозочниот интерфејс со голем проток, можеме да бидеме во тек и да ја имаме опцијата да се соединиме со вештачката интелегенција. Поврзувањето на мозокот со интерфејс би создал нов слој на суперинтелегенција во човековиот мозок. Нешто што луѓето веќе го имаат со помош на нивните паметни телефони“, вели Маск.

Милијардерот потоа открил дека уредот на кој Neuralink работи, е тестиран на мајмуни и дека животните успеале преку мозокот да го контролираат компјутерот.

Компанијата сега бара дозвола да ги започне тестирањата на луѓе. Дозвола ќе мора да издаде американската Управа за храна и лекови. Маск сака да вработи нови научници во фирмата во која моментално има 100 вработени. Некои научници тврдат дека компанијата Neuralink ги поместила границите со моменталните лабораториски технологии.

Компанијата објавила научен турд во рамки на најавата, но трудот не е рецензиран, а тоа се смета за неизоставен дел од секое ново научно откритие.

Критика да Силва, експерт во областа на вештачката интелегенција, вработена во НАСА, потсетила на случен настан и изјавила дека технологијата на Neuralink е интересна затоа што не е така инвазивна како претходните обиди во ова поле.

„Плановите бараат работа на многу технички и етички предизвици, но ваквата технологија би можела да претставува голем чекор при ублажувањето на сериозните здравствени проблеми, како епилепсија или Паркинсовата болест.

„Твитер“ налогот на научниците од „Кординг Лаб“, од одделението за неуронаука на Универзитетот во Пенсилванија, наведува дека не станува збор за ништо револуционерно, туку се работи за многу креативни идеи, што сугерира дека компанијата е на добар пат.

Ендру Хајерс, професор на неуробиологија на Универзитетот во Јужна Калифорнија, на „Твитер“ напишал дека компанијата Neuralink ги поместила границите на моменталната лабораториска технологија.

„Neuralink не е единствената компанија која работи на неуралните мрежи. Kernel која ја основал Брајан Џонсон, исто така се обидува да ги подобри и прошири границите на човечката когниција.

Текстот (Видео) Милијардерот Илон Маск сака да става чипови во човечкиот мозок е превземен од Reporter.mk.