(Видео) Мистериозен леден диск ги исплаши Американците во Вестбрук

Огромен леден диск со пречник од речиси 100 метри ги исплашил жителите во градот Вестбрук во американската држава Мејн.

Дискот се појавил во реката Презумпскот со неверојатно правилен облик, а на жителите чудно им паднало тоа што истиот продолжил да ротира.

Снимката е направена од воздух со помош на дрон. Тој се вртел во спротивна насока од стрелките на часовникот. Експертите објаснуваат дека ова е редок, но природен феномен.

Дисковите обично се формираат во деловите на реката каде водата тече бавно и во деловите каде настануваат вртлози.

Текстот (Видео) Мистериозен леден диск ги исплаши Американците во Вестбрук е превземен од Reporter.mk.