(Видео) Мистериозен оган на небото ги исплаши Индонезијците

Невиден огнен столб кој се појавил во воздухот и веднаш исчезнал, ги исплашил жителите на индонезискиот остров Сулавеси. Објавената снимка од несекојдневниот момент на Јутјуб била прегледана повеќе од 10.000 пати.

Причината за овој бизарен феномен засега не е позната, велат научниците, а теоретичарите на заговор сметаат дека ваквиот момент би можел да биде поврзан со библиските пророштва, но и со антените кои ги има направено човекот за да може да предизвика климатски промени.

„Библијата вели дека во последните времеиња можеме да видиме необични знаци на небото. Но, не би не зачудило ако се направени и од човечка рака. Дали сеуште некои луѓе имаат контрола над временските машини“, се некои од коментарите напишани под видеото.

Додека еден од сведоците во видеото се слуша како бара сите да побегнат од местото на настанот, друг е убеден дека огнениот столб не претставува никаква опасност.

Научниците велат дека сеизмичкиот шок бил предизвикан претходно од разорно цунами во кое загинале околу 400 луѓе, а 40.000 од жителите останале без дом. Туристите исто така се предупредени да се држат подалеку од вулканот, од кој се создал густ облак од пепел издигнувајќи се над небото на индонезискиот остров.

Текстот (Видео) Мистериозен оган на небото ги исплаши Индонезијците е превземен од Reporter.mk.