(Видео) Мистериозни звуци ги исплашија жителите на САД

Жителите од градот Кантон во Америка пријавиле чудни необјасниви звуци, кои биле толку силни што велат дека предизвикале рушење на дел од темелите на некои делови од нивните куќи. Ваквиот феномен, жителите од САД велат дека го забележале на местата концентрирани западно од Детроит.

Од Геолошкиот завод на САД, потврдиле дека не биле забележани никакви сеизмички активности во тоа подрачје, кои би можеле да ги објаснат вибрациите или зуењето. Градските официјални лица само претпоставуваат дека тие можеби се производ на земјотрес.

Дел од жителите во градот велат дека не веруваат во ова објаснување и сметаат дека таинствените вибрации звучат поинаку од вообичаените индустриски звуци и дека во последно време истите станале се позачестени. Еден од тамошните жители по име Меки Хаувел, вели дека во период од 20 години, колку што живеел во градот, не слушнал звук сличен на овој.

„Ги познавам звуците од авиони, возови, но ова е нешто сосема поинакво. Овие звуци се вознемирувачки. Се случуваше да ни паѓаат сликите од ѕидовите“, вели Хаувел.

Многу од неговите сограѓани велат дека се согласуваат со ова мислење на Хаувел и велат дека во последните неколку недели, ваквите ѕуења станале се погласни. Некои од жителите пријавиле промена на притисокот во нивните уши, во исто време кога ги почувствувале мистериозните вибрации.

Велат дека целата ситуација потсетувала на нешто слично од минатата година во градот Виндзор во Онтарио во Канада.

Текстот (Видео) Мистериозни звуци ги исплашија жителите на САД е превземен од Reporter.mk.