(Видео) Научникот Мајкл Хорн тврди дека за десет години во Земјата ќе удри астероид

Американскиот научникот и филмски режисер Мајкл Хорн тврди дека за период од десет години во земјата ќе удри астероидот под името „Апофис“, или познат како „Бог на хаосот“. Хорн тврди дека астероидот ќе удри во близина на Северното и Црното Море и дека истиот ќе предизвика масовно уништување на животот на Земјата.

Хорн тври дека сегашните претпоставки на НАСА за можно заобиколување на астероидот на планетата Земја се погрешни и дека астероидот независно од местото на ударот ќе предизвика масовна штета.

„Тука зборуваме за два проблеми. Удар на огромен астероид и последиците кои следуваат потоа. За на луѓето подобро им ја објасниме силата од таквиот удар, направивме приказ во облик на стрип. Каде и да се случи ударот, ќе направи голема дупка во Земјената кора и ќе доведе до масовно испуштање  гасови. Тоа ќе предизвика големи пожари и исчезнување на милиони луѓе од одредени подрачја. Потоа може да се очекува катастрофа од глобални размери, па дури и нуклеарна зима“, вели Хорн.

НАСА почна со подготовки за доближувањето на астероидот 99942 Apofis. Од таму велат дека неговиот обем е со 370 метри и предвидуваат дека би можел да се приближи на Земјената површина на оддалеченост од 30.500 километри.

Според официјалните проценки, шансите за удар во Земјата да се случат во 2068 година, се 6,7 спрема 1.000.000.000. Додека во периодот од 2060 до 2105 година, таа веројатност е зголемена во износ на 9:1.000.000.000, сметаат од НАСА.

Неговото навлегување во Земјината атмосфера би ослободиол 1200 мегатони кинетичка енергија. За споредба, најголемата хидрогенска бомба која некогаш експлодирала изнесувала 57 мегатони, а ерупцијата на вулканот Кракатау од 1883 година, била на ниво на експлозија на бомба од 200 мегатони.

Ударот на метеор за кој се верува дека предизвикал изумирање на диносаурусите, според научните проценки ослободил енергија поголема од 100 милиони мегатони. Сигурно дека ударот би направил голема штета во пречник од неколку илјади квадратни километри, но мала е веројатноста за катастрофа од глобални размери, смируваат од американската вселенска агенција.

Се проценува дека во случај на удар би дошло до создавање кратер со длабочина од 5,1 километар. И главниот извршен директор на компанијата „Спејс икс“, Илон Маск, изјавил дека не треба премногу да се грижиме поради овој астероид. Иако во било кој друг случај, на каква било друга закана, катастрофата би била неизбежна, затоа што нашата планета нема адекватно развиен одбранбен систем, кој би спречил удар на астероид со таа големина.

Текстот (Видео) Научникот Мајкл Хорн тврди дека за десет години во Земјата ќе удри астероид е превземен од Reporter.mk.