(Видео) Некој од адвокатите му помогнал на Праљак да го земе отровот во судницата

Поранешната портпаролка на Хашкиот трибунал, Флоренс Аартман проговорила за смртта на Слободан Праљак и вели дека знае кој му помогнал на пензионираниот генерал на хрватската војска да го земе отровот со кој си го одзел животот.

„Сигурно тоа го направила екипа која влегла да присуствува на судењето, затоа што Праљак не можел во притвор да има цијанид. Тоа фрла сомнеж на неговиот адвокатски тим, или евентуално на некој од амбасадата. Воглавно, отровот го внел некој кој има пристап до Праљак, пред генералот да влезе во судницата“, вели Арманова.

Слободан Праљак се уби поради пресудата на Трибуналот за воени злосторство. Тој испил цијанид во судницата на Трибуналот на 29 ноември 2017 година.

Праљак оставил две проштални писма кој ги пронашле истражителите на Обединетите нации и кои докажуваат дека генералот внимателно го испланирал самоубиството.

Двете писма биле напишани на 27 ноември, два дена пред правосилната пресуда во предметот „Херцег-Босна“.

„Одлуката за прекинување на мојот живот, во случај да бидам прогласен за виновен ја донесов сам, многу одамна, смирено, промислено, самосвесно“, напишал Праљак во првото писмо, кое било наменето за неговото семејство.

Во второто и се обратил на сопругата.

„Кача, мислам дека писмото „За семејството“, ќе мораш да го обелодениш за да ги спречиш бескрајните лаги, јадни психологии и друго“, напишал Праљак.

Ника Пинтер, неговата адвокатка, порачала дека Праљак не правел ништо под влијание на моментални емоции, и дека се што правел, од одбраната и сопственот живот, го правел прецизно, одлучно и смирено.

Холандското обвинителство не успеало да докаже дека Праљак добил цијанид со кој се убил во судницата по изразувањето на пресудата. Тој долго време размислувал за самоубиство“, заклучило Обвинителството.

По неговото самоубиство, настанало сомнеж дека биле извршени две кривични дела, првото се однесувало на фактот дека цијанидот со кој Праљак се убил, спорд холандскиот Закон за лекови е забранета супстанца, а второ дека генералот имал помош околу подготовките за самоубиството.

Текстот (Видео) Некој од адвокатите му помогнал на Праљак да го земе отровот во судницата е превземен од Reporter.mk.