(Видео) Несреќата во Чернобил е наместена за да се сокрие неуспехот на рускиот радар „Кулкајдрвец“

Новата серија на HBO за Чернобил стана поттик за голем број заговорници да веруваат дека несреќата што се случи пред повеќе од три децении во украинскиот град, не е настаната случајно и дека зад неа се крие голема тајна.

Во документарниот филм The Russian Woodpecker се објаснува скриената игра на Русите кои имале за цел да го скријат неуспехот со „Дуга“ радарот кој се наоѓал во близина на нуклеарната централа, пишува newsweek.

Радарот „Дуга“ познат како „рускиот кулкајдрвец“, The Russian Woodpecker, познат по тоа што испушта звуци како кулкајдрвец, можел да забележи објект и зад хоризонтот. Сепак поради неможноста од поларната светлина над Арктикот, ваквиот проект бил неуспешен уште пред да започне.

Василиј А. Шамшин

Главниот лик во документарецот Федор Александрович во режија на „Чaд Грaција“, објаснува како висок комунистички бирократ по име Василиј А. Шамшин наредува да се случи несреќата во Чернобил во април 1986 година со цел да не може да се случи воената инспекција која била планирана за во септември истата година.

Според Александрович, Шамшин лично командувал со тестот за моќност на нуклеарната централа Чернобил. Тој наредил да се продолжи со истиот вечерта на 25 април, знаејќи целосно дека последиците по истиот би завршиле катастрофално.

Федор Александрович

Рускиот кулкајдрвец, како што пишува newsweek, бил руско тајно воено оружје, кое ги фрустрирал и збунил западните радиооператори. Тие не можеле да го забележат ниту потеклото, ниту целта на чудниот сигнал. Некои од нив сметале дека неговата фреквенција од 10Hz била наменета за контрола на умот.

Во 1981 година новинар на NBC јавно прашал дали Русите се обидуваат да нè доведат во состојба на зомби. Дури и по падот на Советскиот Сојуз, инсталацијата на воениот радар од 14.000 тони во северна Украина, изграден во близина на границата со Белорусија, останал мистерија за надворешните набљудувачи.

Василиј А. Шамшин

Александровиќ во документарниот филм интервјуира поранешни работници кои сметаат дека неговите теории се налудничави и дека системот кој во тоа време се практикувал не дозволувал да се случи ни најмала грешка.

Сепак, постјат и такви работници кои сведочат дека радарот никогаш не бил совршено направен за пресретнување на американските ракети и дека како таков бил само површно импресивен, но фундаментално беспредметен. Тоа Шашин го знаел, но не бил подготвен да биде откриен неговиот скап неуспех.

Федор Александрович

Информациите кои ги објавува Александровиќ говорат дека радарот чинел трипати повеќе од самата нуклеарна централа Чернобил. Рускиот „кулкајдрвец“ го чинел Советскиот Сојуз 7 билиони рубљи.

Александровиќ во документарецот признава дека се плаши за својот живот и дека не сака да патува во Москва и да продолжи да истражува. Во документарниот филм е снимен и дел од револуцијата која се случи во Украина во 2013 година, каде Александровиќ во еден момент зема учество како говорник и открива дел од заговорот пред народот.

Документарецот можете да го погледнете на следниот линк:

Извор/newsweek

 

Текстот (Видео) Несреќата во Чернобил е наместена за да се сокрие неуспехот на рускиот радар „Кулкајдрвец“ е превземен од Reporter.mk.