(Видео) Никола Тесла сакал да контактира со вонземјани

Вонземјаните му биле опсесија на најголемиот светски научник Никола Тесла. Тој правел инструменти со кои требало да оствари контакт со нив. И самиот тврдел дека вонземјани го контактирале во летото 1989 година, додека седел во својата лабораторија во Колорадо Спрингс.

Тесла снимил необични ритмички сигнали. Тврдел дека тие стигнале од вселената, а бил убеден дека тоа биле обиди на вонземјани кои ги испраќале сигналите од Венера или Марс.

„Снимив електрични сигнали кои изгледаа необјасниви. Беа слаби и речиси незабележителни, но длабоко бев убеден дека нема да мине многу време додека луѓет конечно не добијат порака од друг свет“, изјавил Тесла.

Во нековиот текст тој го опишал проблемот со бежичната комуникација на големи далечини. Светлоста како носител на комуникацијата е крајно непрактична, сметал Тесла и бил убеден дека е потребна многу поголема енергија од онаа која на човештвото во моментов му е достапна.

Од друга страна, радиокомуникацијата бара многу помала енергија и затоа е далку полесна за остварување. И додека работел на инструменти кои би можеле да испратат моќни радиосигнали на планетарните соседи, тој исто така работел и на уреди кои би можеле да снимат сигнали кои можат да ни бидат испратени.

„Никогаш нема да го заборавам тоа прво чувство кога сфатив дека набљудувам нешто од неизмерлива важност за човештвото. Чувството дека сум прва личност која ги слушнала поздравите од друга планета, непрекинато расте во мене“, напишал Тесла во еден од неговите текстови.

Тесла денес го доживуваат како врвен луд научник без чии изуми светот денес би изгледал незамисливо место. Тесла е заслужен за клучните идеи поради кои денес имаме паметни телефони, вај-фај, електричен систем и многу други работи. Покрај идејата која Тесла ја реализирал и патентирал, имал и многу други професии во различни области на истражувањето, од кои некои биле прилично езотерични. Една од необјаснивите била неговата преокупација за египетските пирамиди, една од најтаинствените и величествени градежни издание на човештвото.

Текстот (Видео) Никола Тесла сакал да контактира со вонземјани е превземен од Reporter.mk.