(Видео) НЛО снимено како прелетува покрај Месечината

На социјалните мрежи се појави снимка од летало кое минува покрај површината на Месечината, за кое теоретичарите на заговор веднаш го окарактеризираа како НЛО.

Снимката на „Јутјуб“ каналот ја поставил корисник под името mavi777. Корисникот тврди дека снимката ја направил со телескоп.

„Ова е најдобрата снимка која докажува дека постои НЛО на Месечината“, напишал тој во описот на видеото.

Меѓу големиот број на лајкови и коментари за поддршка се најдоа и такви кои велат дека станува збор за очигледна местенка и фотошоп. Критичарите не веруваат дека навистина станува збор за НЛО, но има и такви кои веруваат дека не сме сами во вселената, а дека видеото е уште еден доказ за тоа.

Текстот (Видео) НЛО снимено како прелетува покрај Месечината е превземен од Reporter.mk.