(Видео) Одлежале во затвор 36 години за убиство кое не го извршиле

Алфред Честнут, Ендру Стујарт и Рансон Воткинс од Мериленд одлежале 36 години во затвор за убиство кое не го извршиле. Тројцата биле осудени во затвор за убиство на четрнаесетгодишно момче Де Вита Дакет во 1984 година. По повеќе од три децении робија, сите се ослободени.

Судијата ја поништил пресудата откако повторно го прегледал нивниот случај. Алфред годинава поднел барање за пристап на информации и открил докази кои за време на судењето не му биле доставени на неговиот адвокат.

Потоа поднел притужба до Одделението за интегритет, институција која се занимава со преиспитување на старите осуди. Случајот повторно бил отворен. Алфред цело време тврдел дека е невин.

Претходно му било одбиено барањето за предвремено пуштање на слобода, затоа што Одборот за условна слобода заклучил дека не ја превземал одговорноста за убиството.

Тројцата биле уапсени кога биле тинејџери во 1983 година, поради убиство на Де Вита Дакет. Тинејџерот бил застрелан во вратот додека одел во школо, а јакната која ја носел подоцна била украдена. Алфред, Ендру и Рансон подоцна биле осудени за убиство, на основа на сведоштво, а пресуден доказ била јакната која ја носел Дакет.

Полицијата подоцна ја нашла јакната кај Честнут. Но, на неа немало никакви траги од крв или употреба на огнено оружје. Неговата мајка на полицијата им дала фискална сметка од истата, а од продавницата потврдиле дека истата ја купила мајката на Честнут.

И покрај овие сведоштва, сите тројца тинејџери биле уапсени на Денот на благодарноста. Полицијата им упаднала во нивните домови во раните утрински часови и ги привела. По ослободувањето на тројцата мажи, нивните адвокати изјавиле дека за време на истрагата, полицијата ги игнорирала и кратела извештаите на повеќето сведоци, кои иднентификувале друга личност како убиец, како и тоа дека сведоците на судењето не успеале да ги идентификуваат тројцата тинејџери.

„Ова не е победа. Станува збор за трагедија и мораме да сносиме одговорност за хоророт кој им го приредвме на овие луѓе“, изјавила по ослободителната пресуда, државниот правобранител Мериленда Мерлин Мозби.

Текстот (Видео) Одлежале во затвор 36 години за убиство кое не го извршиле е превземен од Reporter.mk.