(Видео) Откриена подземна база на НЛО на Марс

Ентузијасти и уфолози од целиот свет тврдат дека на снимката што се споделува на социјалните мрежи, а која е направена од сателит на НАСА на Марс, се гледаат НЛО и вонземјани.

На видеото се гледа дупка со пречник од 130 метри. Голем број теоретичари тврдат дека ова е доказ за интелегентен живот во нашиот универзум.

„Очигледно станува збор за некаква подземна гаража за вонземјаните“, биле некои од коментарите на објавената снимка.

Станува збор за совршена кружна вдлабнатина, покрај која се наоѓаат траги за кои уфолозите тврдат дека се направени за време на слетувањето и полетувањето на НЛО.

Уфолозите шпекулираат дека самит облик на влез покажува дека станува збор за подземна база во која се наоѓаат вонземјански летала.

Како што и на Земјата постојат слични вдлабнатини, уфолозите сметаат дека снимената дупка на Марс не е случајна и тие се убедени дека дупките се поврзани со оние на Земјата и дека и тука кај нас постојат такви подземни бази.

Текстот (Видео) Откриена подземна база на НЛО на Марс е превземен од Reporter.mk.