(Видео) Педофилот Епстајн организирал забави во чест на принцот Ендру

Милијардерот педофил Џефри Епстајн, кој се обеси во својата ќелија во затвор во Њујорк, додека ги чекал новите обвинувања за злоупотреба на малолетнички, организирал забави за британскиот принц Ендру.

Иако помладиот брат на принцот Чарлс, на сите начини се обидува да се отргне од аферата Епстајн, практично секој ден на виделина излегуваат нови докази дека тој своевремено бил близок со милијардерот педофил.

Според новите докази, Ендру бил редовен гостин во неговата вила. Принцот не е единственото познат име кое Епстајн знаел да го угости.

Во јавноста веќе исплива снимката на која се гледа како Ендру на 6. декември 2010 година, се поздравил со Кетринг Китинг, ќерката на поранешниот австралиски премиер, на вратата на вилата на Епстајн во Њујорк.

Британскиот весник „Дејли Мејл“ открива дека посетата на принцот во вилата на Епстајн започнала неколку дена претходно. На 2. декември истата година, во вилата била организирана забава во чест на посрамотениот принц.

Епстајновата забава со холивудски крем

Британскиот весник наведува дека на таа забава во трпезаријата на вториот кат во вилата на Епстајн, присуствуаа и неколку добро познати холивудски имиња. На забавата присуствувале и Кејти Курик, некогаш најплатената водителка во САД, комичарката Челси Хендлер, блиската пријателка и актерка Гвинет Палтроу и Џенифер Анистон.

На забавата бил и Џорџ Стефанопулос, поранешен директор за комуникација во Белата куќа, во времето на Бил Клинтон. Се верува дека на забавата присуствувале и Глислејн Максвел, придружничката на Епстајн.

Меѓу гостите бил и контроверзниот филмски режисер Вуди Ален и неговата сопруга Сун Ји Превин, посвоената ќерка на неговата поранешна партнерка, актерката Мије Фероу. Режисерот тогаш бил на мета на обвинувања на Дилан Фероу, исто така посвоена ќерка на Мије Фероу, дека сексуално ја злоставувал.

„Дејли Мејл“ пишува дека контроверзната двојка неколку пати доаѓала во вилата на Епстајн додека во неа престојувал британскиот принц. Весникот објавил и ексклузивна фотографија на која се гледа како Ален и неговата сопруга ја напуштаат вилата на Епстајн на 5. декември во 11:30 часот.

Епстајн знаел да ги шокира гостите

Во интервјуто објавено во петокот во американското политичко списание „Мадер Џонс“, блискиот пријател на Епстајн, угледниот научник Стјуарт Пивар, изјавил дека финансиерот сакал да ги шокира гостите на своите забави. Според него, Епстајн една вечер поканил група на врвни научници.

„Џефри немаше срам. Ќе го прекинеше разговорот и ќе кажеше работи од типот: „Каква врска има тоа со пи**и?“. Тоа му беше омилената фраза“, вели Пивар.

Текстот (Видео) Педофилот Епстајн организирал забави во чест на принцот Ендру е превземен од Reporter.mk.