(Видео) Поранешен американки воен агент тврди дека бил сведок на вонземјани

Ричард Доти е пензиониран агент од военото воздухоловство на САД, кој имал посебно одобрение ѝ кои решил да проговори за специјалната програма на американската влада.

Во мај 2001 година, со помош на уфологот Стивен Грир, Доти сведочел во Националниот прес клуб во Вашингтон во рамки на проектот за откривање на тајни. На состанокот се сретнале 20 пензионирани службеници од Воздухопловството, Федералната управа за воздихопловство и известувачките служби.

Тие се состанале со цел да јано да споделат за тоа што го знаат во врска со своите НЛО искуства. Речиси две децени подоцна, Доти ја прецизирал неговата точна улога во воздухопловната база Кирланд во периодот на деведесетите години од минатиот век, а која вклучувала и проучување на вонземјани.

„Бев контраизвестувачки офицер во базата“, открил во 2017 година, Доти во серијата на „Нетфликс“, „Неодобрени“.

„За време на мојот ангажман бев запознат со посебна пристапна програма која вклучува истрага на американската влада за вонземјани“, вели тој.

Доти добил критики истата година, откако признал дека бил дел од дезинформациониот проект на американската влада. Тој е прикажан во документарец од 2013 година по име „Мираж Мен“, каде открил дека војската користела митологија како да го сокрие користењето на напредната технологија.

Тоа довело многумина да ја дискредитираат неговата приказна, затоа што луѓето се обидувале да ја воочат разликата меѓу вистинат аи лагата.

Но, Доти тврдел дека е невин. Тој тврдел дека и филмот лошо го има претставено писателот Марк Пилкингтон. Тој вели дека неговото интервју било изменето и дека некои делови биле исфлрени од истото.

Доти претходно тврдел дека бил сведок на вонземјански тела, по злогласната несреќа во Розвелт.

„Беше големи околу четири метри, а некои од нив беа тешко повредени. Ни беше кажано дека се однесени во воздухопловна база во Киркланд, во Албекерки, пред да бидат префрлени во Лос Анџелес“, изјавил Доти.


 

Текстот (Видео) Поранешен американки воен агент тврди дека бил сведок на вонземјани е превземен од Reporter.mk.