(Видео) САД планирале со спејс шатл да фрлат нуклеарна бомба во Москва

Американците планирале да фрлат нуклеарна бомба над Москва, е наведено во рефератот на Институтот за применета математика на Академиите на науки на СССР, од 1976 година.

Експертот по космонаутика Павел Шубин, за првпат го објавил рефератот под името „Анализа на можните цели за создавање на повеќевоен вселенски транспортен систем на САД“, напишан од советските научници на чело со академикот Мстислав Келдишем.

Во извештајот се наведени наводните цели на САД да испратат орбитален бомбардер, во верзија на спејс шатл, во вселената кој потоа би бил искористен за напад на големи административни и воено-индустриски руски комплекси.

Изненадувачкиот напад би донел значителна предност на САД во случај на војна. Во извештајот стои дека авионот би бил лансиран од авиобазата „Ванденберг“ и би летал над социјалистичките држави 70 до 80 минути.

Тој би летал низ територијата на западната граница на Источна Германија и Чехословачка до источните граници на СССР. Дополнителна предност САД би можеле да добијат со напад преку Јужниот Пол, затоа што радарите на СССР се наоѓале во централните и јужните региони, па оттука би имало помалку време за реагирање.

Можната траса на шатлот Русите ја претставиле на компјутер. Тие претпоставуваат дека тој би можел да ја фрли нуклеарната бомба по влегувањето во атмосферата, на висина од 67 километри. Поради создавањето облак од плазма, на Русите ќе им било речиси невозможно да го откријат шатлот.

На основа на координатите на Москва, руските научници утврдиле дека бомбата на Земјата би стигнала за три до четири минути откако ќе биде фрлена. Советските научници признале дека нападот извршен врз СССР би бил поефикасен ако Американците користат интерконтинентални балистички ракети.

Користењето на цивилниот космодром на Кејп Канаверал, според научниците од СССР, требало да биде само „маска“ за воените лансирања. Експертот во областа на авијацијата и космонаутиката Вадим Лукашевиќ изјавил дека овој извештај на советските научници е поттик за руските служби да го унапредат советскиот шатл „Буран“.

Текстот (Видео) САД планирале со спејс шатл да фрлат нуклеарна бомба во Москва е превземен од Reporter.mk.