(Видео) Саудијци палат документи во близина на конзулатот по убиството на Џамал Кашоги

Турската телевизија „А Хабер“ објави нова снимка од убиството на новинарот од Саудиска Арабија Џамал Кашоги. На снимката се гледа како вработено лице во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, пали документи и тоа само еден ден откако новинарот влегол во зградата на конзулатот.

Снимката наводно настанала во непосредна близина на конзулатот, во комплексот Левент во Истанбул. На неа исто така се прикажани тројца мажи, како палат документи во канти за ѓубре.

Вчера беше објавено дека еден оперативец од тимот со 15 членови, кој се сомничат за смртта на саудискиот новинар, бил облечен во костимот на Кашоги и со лажна брада и очила излегол низ задниот влез од зградата со цел намерно да биде фатен од камерите за да се добие предвид дека Кашоги е жив и дека безбедно излегол од конзултатот, јавува Си-Ен-Ен повикувајќи се на информации од високо турско официјално лице.

Турските власти денеска се спречени во пребарувањето на паркираниот саудиски дипломатски автомобил во Истанбул, затоа што не добиле дозвола од конзулатот на Саудиска Арабија, пренесува Ројтерс.

Претходно во истиот ден, полицијата во предградието на Истанбул пронашла паркиран мерцедес со дипломатски таблици, кои, како што е наведено, бил паркиран пред конзулатот пред две недели во времето кога исчезнал Џамал Кашоги.

Текстот (Видео) Саудијци палат документи во близина на конзулатот по убиството на Џамал Кашоги е превземен од Reporter.mk.