(Видео) Танчар мистериозно исчезнал од крузерот со кој пловел за Божик

Дваесетгодишниот Ерон Хју, кој бил дел од екипажот на крузерот „Хармонија море“, мистериозно исчезнал за време на Божик. Од Американската крајбрежна стража велат дека Хју исчезнал набргу по испловувањето на крузерот од крајбрежјето на Порторико.

Дваесетгодишниот Хју на бродот работел како танчар, музичар и актер. Тој учествувал на мјузиклот на бродот. Според изјавите на гостите и другите членови од екипажот, Хју требало да се врати на бродот на 25 декември.

Компанијата „Ројал карибиен интернешнл“, потврдила дека Хју ја пропуштил изведбата што била закажана за ноќта на Божик.

„Со жалење ве известуваме дека по претресот на бродот и прегледот на снимките од безбедносните камери, можеме да утврдиме дека еден од членовите на екипажот со име Ерој Хју последен пат е виден на бродот околу 4 часот во раните утрински часови“, велат од компанијата.

На последната снимка на која се гледа Хју како шета на палубата на крузерот, а пред самото негово исчезнување, објавил и таинствен твит.

„Под водата е вистинска убавина. Секогаш гледајте под површината пред да ја донесете вистинската одлука“, гласела неговата последна објава.

Ден претходно, пак, Хју твитнал „Денес некого ќе убијам“.

„Ги известивме локалните власти. Нашите мисли се со семејството, пријателите и колегите, кои сега минуваат низ тежок период“, велат од компанијата.

По исчезнувањето на Хју, била поведена голема потрага, но засега без никаков успех. Хју почнал да работи на крузерот по неговото дипломирање на Академијата за театарска уметност во Лондон. Од неговото поранешно училиште на социјалните мрежи изразиле надеж дека Ерон ќе биде пронајден и упатиле поддршка до неговото семејство.

Во деновите на пловидба Ерон редовно пишувал објави на својот фејсбук-профил во кои за некои се работело за големи разочарувања. „Истражувај нови места. Следи ги брановите“, биле некои од пораките на Хју.

„Хју е тип на човек каков што секој би посакал да има во животот. Ги исполнува со живот и среќа просториите каде што ќе влезе. Заразно се смее и шири ведрина околу себе. Се надевам дека ќе биде пронајден и вратен дома“, изјавил еден од блиските пријатели на Хју.

Локалните медиуми пренесуваат дека крузерот со кој пловел танчарот продолжил со своите патувања на егзотичните дестинации.

Текстот (Видео) Танчар мистериозно исчезнал од крузерот со кој пловел за Божик е превземен од Reporter.mk.