(Видео) Жртвите на Џефри Епстајн лажно сведочеле против принцот Ендру

Принцот Ендру е наместен во случајот со педофилија и немал никакви врски со оргиите кои ги организирал поранешниот милијардер Џефри Епстајн. Ова се тврдења кои се прикажани во новиот документарец на „Канал 4“, за наводната вмешаност на британскиот принц и обвинувањата кон него од страна на некои од девојките кои биле злоставувани на приватниот остров на Епстајн.

Во новиот документарец на „Канал 4“, се преиспитуваат тврдењата на британката Вирџинија Робертс, која тврдела дека имала секс со британскиот принц кога била малолетна. Организаторите во „Канал 4“ се обиделе да дојдат до медицинската документација од 9 јули 2001 година, кога Робертс тврдела дека добила вагинални крварења.

Нејзините докази уште во 2015 година биле отфрлени од страна на судот. Вирџинија пред судските власти сведочеа за оргиите кои ги организирал Џефри Епстајн се со цел да ги импресионира богати лица и пријатели и дека принцот Ендру бил еден од нив. Британскиот принц ги негирал ваквите тврдења.

Во новиот документарец на „Канал 4“ сега се преиспитуваат ваквите тврдења и трагаат по болничките извештаи на Робертс кога таа тврдела дека била злоставувана.  Таа изјавила дека кога имала 18 години, заедно со уште осум млади девојки учествувале во оргиите.

Робертс објаснила дека Епстајн ги собирал девојките на неговиот приватен остров и се шегувал со нив затоа што не го познавале англискиот јазик. Велел дека не знаат добро да комуницираат поради јазичките бариери, а потоа се фалел со девојките со кои најлесно комуницира.

Во еден од прилозите е наведена и изјавата на поранешната девојка на Епстајн, Гизлејн Максвел, која ја изнела во јануари 2015 година. Во документарецот е наведено дека Максвел веројатно лажела кога тврдела дека трипати имала секс со принцот за време на оргиите на приватниот остров на педофилот Епстајн.

Исто така се споменува и тврдењето на Британката Викторија Харви. И таа како и Робертс сведочела дека Епстајн обожава да се наметне меѓу влијателни луѓе и дека еден од нив бил принцот Ендру.

„Принцот Ендру беше најголемиот тројфеј и оруде кое Епстајн го користеше за да ја импресионира елитата“, тврдела Харви.

Таа објаснила дека Епстајн бил зависен од тоа да ја собира елитата, како што се членовите на кралското семејство.

„Сакаше да ги импресионира луѓето. А кога запозна член од кралското семејство, знаеше дека тој е неговиот најголем трофеј“, изјавила Харви.

Ендру јавно признал дека го запознал Епстајн во 1999 година, во исто време кога имал кратка романса со Викторија. Принзал дека долго време го познавал педофилот, но ги отфрлил сите тврдења дека бил вмешан во организирање и присуство на некои од неговите оргии со малолетнички.

Американскиот милијардер Џефри Епстајн се обеси во затвор во август оваа година, додека го чекаше почетокот на судењето за трговија со малолетнички.

Текстот (Видео) Жртвите на Џефри Епстајн лажно сведочеле против принцот Ендру е превземен од Reporter.mk.