Владимир Путин тврди дека не користи двојник

Рускиот претседател Владимир Путин во интервју за агенцијата „Тас“, вели дека никогаш не користи двојник иако понекогаш тоа го налагаат протоколите поради безбедносни причини. Тој признава дека на почетокот му било понудено од неговите луѓе во обезбедувањето да добие двојник, но тој ги одбил.

„Не сакав дублер. Иако тоа беа времиња кога се водеше војна против тероризмот, сепак ја одбив таквата идеја“, изјавил Путин за „Тас“. Новинарите имаа можност да водат интервју со рускиот лидер,  под името „20 прашања со Путин“.

Путин се потсети дека на почетокот му советувале дека му бил потребен двојник, барем за настапите на кои неговиот живот можел да биде доведен во опасност. Путин вели дека уште тогаш им дал на знаење дека никогаш нема да користи дублер за свите настапи.

За време на интервјуто е откриено дека преку интернет најпребаруван е „Двојникот на Путин“. Тоа било меѓу најпоуларните претраги во светот. Низ последните децении, Путин постојано бил прашуван од страна на новинарите и голем број на луѓе за тоа дали тој користи двојник.

Во декември 2001 година, една жена му поставила прашање во емисија во живо. Таа тогаш тврдела дека Путин користи двојник за време на одржување на големи важни состаноци, дури и оние на највисоко ниво. Путин тогаш одговорил дека не користи таков „мамец“.

Текстот Владимир Путин тврди дека не користи двојник е превземен од Reporter.mk.