Во Вашингтон ги знаеле имињата на напаѓачите на кулите близначки, тврди српски експерт за безбедност

Некогашниот прв секретар на мисијата на Босна и Херцеговина во Обединетите нации, Дарко Трифуновиќ, открива дека службени лица во Вашингтон ги знаеле имињата на некои од терористите кои го извршија нападот над Светскиот трговски центар на 11 септември 2001 година, неколку дена претходно.

Трифуновиќ денеска работи како експерт за национална и интенационална безбедност во Белград.

Тој вели дека еден од терористите инволвиран во нападите на 11 септември 2001 година е Сафет Ибид Чатовиќ, кој во Обединетите нации во 2001 година имал амбасадорски статус како воен претставник од Босна и Херцеговина.

Трифуновиќ тврди дека зад името на Чатовиќ се криел поранешниот командант на терористичката организација „Ел муџахедини“, Абу Мали. Трифуновиќ вели дека случајно се сретнал со Мали на влезните врати на зградата што се наоѓала на улица „Плаза 866“ во Менхетен.

Таму требало да се одржи мисијата на сите членки на Обединетите нации.  Трифуновиќ вели дека кај Мали го забележал жолтиот беџ, односно пропусница, која ја имал за да може да влезе во зградата. Таква пропусница имале само амбасадорите и највиските претставници на земјите членки.

„На неговиот беџ пишуваше дека е од Босна и Херцеговина. Беше очигледно дека станува збор за човек со арапско потекло. Јас го задржав на влезната врата, за да го откријам неговиот идентитет. Тој побегна и се сокри зад топлата луѓе на улицата. Истиот ден отворив истрага и ги известив американските колеги“, сведочи Трифуновиќ.

Трифуновиќ тврди дека за овој настан, како и за многу други работи знаела и Мери Ендруз, лице од дипломатската мисија на САД на „Ист Ривер“. Тие ги имале овие податоци уште во август, пред да се случи терористичкиот напад.

Српскиот експерт сведочи дека не му било потребно многу време да утврди дека беџот во Обединетите нации кој бил издаден на името Сафет Ибид Чатовиќ е намерна грешка. Тој вели дека Босна и Херцеговина веќе имала формациско место помошник-амбасадор за воени работи.

Трифуновиќ вели дека во службите на Обединетите нации брзо се кренала интерна тревога и било утврдено дека статусот му бил даден од страна на амбасадорот на Босна и Херцеговина во Обединетите нации, Мухамед Шаќирибеј, и неговиот колега Хусеин Живаљ.

Добар дел од приказната за Абу Мали, според тврдењата на Трифуновиќ, е скриена од јавноста, а Сараево со помош на Саудиска Арабија, направило сè за да ја прикријат.

Во меѓувреме ФБИ утврдиле дека првиот босански муџахедин во Њу Џерси имал своја хуманитарна организација и две недели пред ударот на Америка во Пенсилванија бил организиран Џихад камп за млади.

„Не е случајно што еден од тие авиони, прочуениот лет 93, од Њу Џерси, паднал во Пенсилванија. ‘Боингот 757’ се срушил во округот Самерсет, недалеку од Џихад кампот“, вели Трифуновиќ.

Според безбедносните извештаи, многуте улоги на членовите на СДА во војната во Босна биле прикриени. Нусрет Авдибеговиќ, актуелниот муфтија од Бања Лука, бил првиот муџахедин во Босна и Херцеговина и двоен шпион кој работел за Известувачките служби на Армијата на Босна и Херцеговина и англиската служба МИ6.

За ова сведочат и документите кои се наоѓаат во Хашкиот трибунал, каде се заведени под обвинителниот број 03324344. Авидбеговиќ бил личен преведувач на првиот муџахедин кој се појавил во Босна, шеикот Мухамед Абу Абдула Азиз ал Мунтесиба, познат како Риџобради.

Најголемиот дел од документацијата за исламскиот фактор во Босна и Херцеговина е запален во 2001 година, но добар дел останал во Обвинителството на Босна и Херцеговина, каде се наоѓа денес и каде бил „заведен под клуч“, тврди Трифуновиќ.

 

Текстот Во Вашингтон ги знаеле имињата на напаѓачите на кулите близначки, тврди српски експерт за безбедност е превземен од Reporter.mk.