За време на војната, американски војници силувале стотици девојки од Франција

Американската историчарка Мери Луиз Робертс во својата книга „Американските војници и жените“, пишува за огромниот број на случаи со силувања кои американските војници ги извршиле врз жените во Франција. Луиз пишува за постојаниот расизам во американската војска за време на Втората светска војна.

Во тој период се случиле неверојатниот број на неделочни однесувања, од плаќање на проститутки и водење љубов во сред бел ден, во парковите, на гробишта, на железнички пруги, па се до силувањата. За силување биле обвинети 152 американски војници, од кои 130 биле црнци.

На 6 јуни 1944 година, денот на истоварање на сојузничките војници во Нрормандија за време на Втората светска војна,  познат како денот „Д“, ќе остане забележан и по една не толку славна приказна, пишува Луиз.

„Кога пристигнале Германците, мажите морале да се кријат. Но, кога пристигнале Американците, жените биле тие кои морале да се кријат“, вели една француска шега, која најдобро ја сумира еротичната авантура, која американските офицери им ја ветувале на своите војници, со цел да ги мотивираат пред да тргнат за Франција.

Луиз американската пропаганда за Франција ја претставила како феноменален бордел населен со 40 милиони хедонисти. Војниците посетувале и часови по странски јазици. Луиз објаснува дека на основа на објавените лекции, американските војници научиле да кажат на германски, „Сакаш ли цигара“, а на француски „Г-ѓо, многу сте убава“.

 

Текстот За време на војната, американски војници силувале стотици девојки од Франција е превземен од Reporter.mk.