Заболуваме од рак поради два продукта што ги јадеме секојдневно

Германски научник и добитник на Нобелова награда во подрачјето на физиологијата, Харалд зур Хаусен, предупреди дека слабо проучен вирус, кој се наоѓа во кравите, може да предизвика рак кај луѓето!

„Сметам дека домашните животни може да бидат директни предизвикувачи на рак на дебелото црево кај луѓето. Располагаме со експериментални податоци кои одат во прилог на оваа хипотеза. Но, ова допрва треба да се потврди“, истакна Хаусен.

И други научници претходно предупредувале дека употребата на црвеното месо (говедско, телешко, овчо, свинско) го зголемува ризикот од добивање колоректален карцином.

Но, Хаусен тврди дека опасноста доаѓа само од говедското и колку и да звучи неверојатно, и од кравјото млеко!

„Традиционалното објаснување е поврзано со подготовката на месото за јадење на скара, а оттука се изведени и тврдењата дека тоа доведува до формирање канцер.

Оваа теза сепак не иде во прилог на тоа што овие канцерогени материи се формираат во моментите на пржењето на рибата и пилешкото, а никој не помислил дека употребата на месото од живина и рибите го зголемува ризикот на добивање рак на дебелото црево“, нагласува научникот.

Тој открива дека во своите истражувања особено обрнал внимание на фактите дека во Монголија се јаде многу црвено месо, а дека ракот на дебелото црево е исклучително редок. Ист е случајот и во Индија, каде што говедското месо никогаш не се јаде поради верски причини.

Хаусен исто така укажува на нивото на колоректалните заболувања од рак, кој е нагло зголемен по Втората светска војна. Тој е уверен дека тоа најдиректно е поврзано со тоа што во тие земји увозот на говедско станал многу популарен.

Германскиот научник додава дека во наведените азиски земји многу ретко се случува луѓето да заболат од рак на млечните жлезди затоа што во тие земји во прехраната минимално се користат кравјото млеко и млечните производи.

Хаусен во последниот број на научното списание International Journal of Cancer објавил дека проучувал примероци од крв и млеко на кравата и дека во нив открил елементи на ДНК кои може да припаѓаат на непознат вирус, кој би можел да биде причина за добивање на ракот.

 

Текстот Заболуваме од рак поради два продукта што ги јадеме секојдневно е превземен од Reporter.mk.