Зошто во Турција нема ниту еден случај на коронавирус

Постојат речиси 115.000 потврдени случаи на инфекција со коронавирус во светот и 4.000 смртни случаи низ целиот свет. Вирусот се шири во 90 земји, но, во Турција нема ниту еден потврден случај. Барем така тврдат во земјата.

Турција, земја со околу 80 милиони луѓе, тврди дека нема случај на заразување со коронавирус, иако сè околу неа е „црвено“ на графичкиот приказ на светската мапа на земји кои се зафатени од вирусот.

Турскиот министер за здравство, Фахретин Коца, го потврди ова во понеделникот, пофалувајќи ја владата за ефикасно спречување на влегувањето на вирусот во земјата. Како Турција успеа да го запре коронавирусот за разлика од другите земји?

„На сите што се враќаат во Турција им се советува да одат на самоизолација 14 дена. Хронично болни и оние над 50 години не треба да излегуваат надвор. Доколку имаат потреба, треба да носат маска“, вели турскиот министер за здравство, кој тврди дека 2.000 лица биле тестирани во земјата и сите се негативни за коронавирусот.

„Ако вирусот влезе во Турција, тој ќе го донесе некој што дошол од странство“, вели министерот за здравство, кој го означи затворањето на границите со Иран како клучна работа за да се спречи ширење на вирусот.

„Ако не го сторивме тоа, 50.000 луѓе ќе влегуваа во Турција неделно“, рече министерот.

Во Иран во последните 24 часа има најголем број смртни случаи предизвикани од вирус корона надвор од Кина. За еден ден загинаа 54 лица, вкупно 291. Во исто време, потврдени се 881 нови случаи во Иран, со што вкупниот број заразени е на 8.042.

Дали е можно коронавирусот да навлезе речиси во секоја земја во Европа освен во Турција? Факт е дека Турците релативно брзо, кога епидемијата започна да се шири од Вухан, ги забранија сите летови кон Кина и ја затворија границата со Иран, каде што вирусот почна неконтролирано да се шири.

(Видео) Како коронавирусот се шири низ планетата

Зошто во Русија нема ниту еден заразен од коронавирус

Текстот Зошто во Турција нема ниту еден случај на коронавирус е превземен од Reporter.mk.