Airbus развива систем на димна завеса за заштита на воените хеликоптери

Компанијата Airbus Helicopters развива нов систем кој ќе им овозможи на хеликоптерите од типот „H-145M“ да бидат опкружени со чад и така да станат невидливи за противниците. Новиот систем би се користел при истовар на војници, изјави програмскиот менаџер на компанијата, Марк Хенинг.

Говорејќи на отворањето на прес-конференцијата „Ербас одбрана и простор“ во Минхен, Хенинг рече дека системот, прв од ваков вид за хеликоптери, веќе покажал позитивни резултати за време на првите тестови, пренесуваат британски медиуми .

„Развиваме систем за брзо криење во текот на летот со цел да го направиме H-145M невидлив за време на најопасната фаза од мисијата – кога тој лебди на височина од дваесет метри за истовар на војници. Ние ова го применивме на возила, но никогаш не и на хеликоптери“, објасни Хенинг.

Според него, на хеликоптерот се инсталираат уреди за испуштање на чад, а потоа истиот се шири околу леталото.

Текстот Airbus развива систем на димна завеса за заштита на воените хеликоптери е превземен од USB.mk.