Американки утре одат во историска прошетка во вселената

Американските астронаутки Кристина Кох и Џесика Меир ќе влезат во историјата како учеснички во првата целосно женска вселенска експедиција, чија цел е да се замени неисправна батерија на Меѓународната вселенска станица (МВС).

Излегувањето е закажано за утре во 13.50 часот по средноевропско време и би требало да трае малку повеќе од пет часа, колку што се проценува дека е доволно за да се заврши работата.

Исклучиво женската посета на вселената требаше да се одржи во март, но мораше да се откаже бидејќи една од астронаутките немала добар вселенски костум, па на таа задача мораше да ја замени нејзин колега.

„Нашето постигнување е инспирација за студентите од светот. Покажува дека напорната работа може да ве однесе до големи височини и сите студенти треба да се гледаат себеси во такви достигнувања“, рече портпаролката на НАСА во најавата за женската прошетка.

Излегувањето на двете жени во вселената ќе се пренесува во живо на телевизијата и веб-страницата на НАСА.

Астронаутките Кристина Кох и Џесика Меир ќе ја заменат батеријата во која се складира електрична енергија од соларните панели за МВС да има електрична енергија дури и кога не е изложена на директна сончева светлина.

Кох би требало да стане рекордерка за жена што најдолго време ќе мине во вселената бидејќи нејзиниот престој во орбитата се очекува да биде до февруари в година.

Taa веќе била во вселената, односно утрешното излегување ќе биде четврта нејзина прошетка, а на партнерката Меир ѝ е прва.

Текстот Американки утре одат во историска прошетка во вселената е превземен од USB.mk.