Американска компанија промовираше холографски дисплеј (ВИДЕО)

Американската компанија Looking Glass Factory, базирана во Њујорк и со лабораторија во Хонг Конг, промовираше развој, која има потенцијал да ги промени нашите замисли за дисплеи. Станува збор за комплетен тридимензионален дисплеј.

Холографскиот екран на Looking Glass Factory користи повеќеслојна технологија на стакло. Корисниците можат да гледаат на овој дисплеј целосна 3D слика без помош на очила или друга специјализирана опрема како AR и VR хедсети. Предност на екранот е дека три-димензионалната слика e видлива под различни агли.

Девелоперот предвидува две варијанти дисплеи – со дијагонала од 8,9,односно 15,6 инчи, кои можат да се обединат за создавање на поголеми панели. Компанијата лансира 3D дисплеј како професионален производ за потребите на професионалци кои работат со 3D печатари и апликации.

Иновативниот холографски екран Looking Glass ужива силна поддршка во платформата за споделено финансирање Kickstarter каде веќе привлекол над 600 илјади долари, при поставена цел од 50.000. Во моментов екранот е достапен за нарачки по цена од околу 450 долари за еден пакет со 8, 9-инчен екран, и Looking Glass ветуваат доставување уште следниот месец.

Текстот Американска компанија промовираше холографски дисплеј (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.