Американски научници тврдат дека коронавирусот може да преживее во воздухот и до три часа

Новото истражување на научниците од САД предизвика жестоки полемики во научните кругови.

Новиот коронавирус може да преживее неколку часа освен на човечката кожа и на другите површини, па дури и во воздухот, се наведува во истражувањето кое било објавено вчера.

Истражувачкиот тим од САД заклучил дека Ковид-19, кој ја предизвика епидемијата може да преживее во воздухот подолго отколку што мислевме.

Иако пандемијата на коронавирусот е многу повеќе распространета од вирусот САРС кој се појави во 2002-та и 2003-та година, тоа се поврзува со тоа што асимптоматските пациенти имаат поголема можност да ги заразат останатите.

Истражувањето кое што било објавено во „New England Journal of Medicine“ го спровеле научници од Центарот за контрола и превенција на болести (CDC) од Универзитетот во Калифорнија.

Тие дошле до резултати дека коронавирусот може да преживее од 2-3 часа на пластични и метални површини, но и до 24 часа на картонска кутија.

Тие користејќи небулизатор (машина со компресиран воздух) за ширење на вирусот во воздухот откриле дека вирусот во облик на аеросол – молекула која останува во воздухот, може да се детектира до 3 часа.

Меѓутоа, постои причина зошто некои се сомневаат во оваа метода – одредени научници велат дека уптребата на небулизатор нема никаква сличност со кашлањето или кивањето на еден пациент, па веројатно самата машина ќе ја зголеми количината на загаден воздух.

Коронавирусот првенствено се пренесува преку личност која кива и кашла.

Иако вирусот се пренесува на ист начин како и САРС, не е јасно зошто Ковид-19 зарази над 200 илјади луѓе, а усмрти над 8.000 додека пак САРС зарази само 8.000 луѓе и предизвика околу 800 смртни случаи.

Епидемиолозите можност за објаснување побарале и во другите фактори, како што е фактот дека коронавирусот ги зафаќа респираторните органи и тоа што луѓето кои што се без симптоми лесно можат да ги заразат останатите.

Извор: Telegraf.rs

Текстот Американски научници тврдат дека коронавирусот може да преживее во воздухот и до три часа е превземен од USB.mk.