“Архивирана“ топлина во внатрешноста на Арктикот може да ги промени годишните времиња

Арктичката ледена обвивка не е само загрозена од топењето на мразот околу нејзините рабови,  туку и од потоплата вода која проникнува стотици километри длабоко во внатрешноста на Арктикот.

Оваа “архивирана” топлина, моментално заробена под површината, има потенцијал да го стопи целиот мраз во регионот ако ја достигне површината, велат научниците.

“Ние документиравме впечатливо затоплување на океанот во еден од главните басени на ентериерот на Арктичкиот океан, канадскиот басен”, рече водечкиот автор на студијата, Марија Луиз Тимерманс, професор по геологија и геофизика на Универзитетот Јеил.

Канадскиот басен забележа двократно зголемување на топлина во текот на изминатите 30 години, велат истражувачите.

“Ова значи дека ефектите од губењето на мразот од морето не се ограничени на самите региони без мраз, туку, исто така, доведуваат до зголемување на акумулацијата на топлина во внатрешноста на Арктичкиот океан, што може да има влијание на климата и надвор од летната сезона”, рече Тимерманс.

“Во моментов оваа топлина е заробена под површинскиот слој. Треба да се избори до површината, каде има доволно топлина за целосно да се растопи мразот кој го покрива овој регион во поголемиот дел од годината”.

 

Текстот “Архивирана“ топлина во внатрешноста на Арктикот може да ги промени годишните времиња е превземен од USB.mk.