Астронаути првпат испекоа колачиња во вселената (ВИДЕО)

Астронаутите на Меѓународната вселенска станица ги испекоа првите вселенски чоколадни колачиња.

Колачињата потоа биле спакувани во посебни вреќички за печење и биле вратени на Земјата на 7 јануари. Се работи за експеримент чија цел било проучување на можностите за готвење на подолготрајни патувања. Испитувањата ги извршија астронаутите Лука Пармитано и Кристина Кок. Резултатите беа објавени минатата седмица.

Целта на експериментот е практична примена на подолгите вселенски мисии.

Колачињата за печење ги подготви компанијата „Дабл три“, која потврди дека ќе ги објави и конечните резултати на експерименти. Се планира да се изложат колачињата за луѓето да можат да ги видат и да дознаат повеќе за испитувањата.

Текстот Астронаути првпат испекоа колачиња во вселената (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.