Австралиска фирма утринското кафе го достaвува со дрон (ВИДЕО)

Австралиската фирма „Винг“, која е дел од подружница на „Гугл“, во предградие на главниот град Канбера стартуваше услуга за достава на кафе со дронови.

Услугата и натаму е во фаза на тестирање, па засега е достапна само во прдградието Крејс во кое има околу 100 куќи, но се планира нејзино проширување и во други делови на градот.

„Винг“ своја испорака ја нуди во соработка со локални компании и угостителски објекти, кафетерии, продавници за храна и аптеки, а доставата се врши за само неколку минути.

Дроновите сами летаат, врз основа на GPS координати и немаат оператор кој ги управува. Корисникот на услугата може да ја следи нивната рута преку мобилна апликација.

Иако австралиската Агенција за безбедност на цивилното воздухопловство ја исклучи „Винг“ од прописите со кои се регулира летањето на дронови и даде дозвола за вршење на услуги за испорака, сепак и натаму постојат некои ограничувања.

Така, леталата не смеат да минуваат над главни патишта, ниту да летаат во најпрометниот дел од денот, така што услугата е ограничена само на раните утрински часови и во доцните попладневни и вечерни часови.

Текстот Австралиска фирма утринското кафе го достaвува со дрон (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.