Автомобилите на Tesla почнаа сами да го наоѓаат сопственикот на паркинг (ВИДЕО)

Новите функции на автопилот веќе достапни за сопствениците на Tesla

Сопствениците на автомобили Tesla почнаа да ja добиваат последната надградба на автопилотот, во која е вградена функцијата Enhanced Summon. Истата е создадена врз основа на постоечката Summon, но сега електричното возило не се движи само напред и назад, туку прави и маневри. Некои од сопствениците на возило од брендот веќе објавија видеа со новата функција.

„Тоа е функција за асистенција при паркирање, која помага возилото да се придвижи до возачот или до некоја друга избрана дестинација. Автомобилот може самостојно да излезе од местото за паркинг и да се движи околу објекти, доколку е потребно“, така барем компанијата ја опишува новата функција на автопилотот.

Откако ќе се ажурира апликацијата, во делот Summon, покрај функциите Forward и Reverse, се појавува уште една – Enhanced Summon. Со нејзина помош, автомобилот може лесно да се движи не само во права линија, туку и да изврши неопходни маневри.

Откако ќе се активира Enhanced Summon, апликацијата нуди избор од уште две опции. Возачот може да каже каде е, а автомобилот ќе дојде до него. Може да избере и опција FIND ME, а благодарение на GPS-от во телефонот , автомобилот на Tesla сам ќе си го „најде“ сопственикот.

Сепак, оваа функција работи само ако возачот со паметен телефон е на растојание од максимални 45 метри од возилото.

Текстот Автомобилите на Tesla почнаа сами да го наоѓаат сопственикот на паркинг (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.