Батеријата на Tesla и донесе на Австралија заштеда од 40 милиони долари

Австралискиот проект на компанијата Tesla за поставување на батерија за складирање на енергија со голем капацитет, веќе е глобално препознатлив и претставува поттик за компаниите да го ревидираат традиционалниот пристап во електроенергетската инфраструктура.

За потсетување, минатата година Елон Маск вети дека ќе постави батериски систем со капацитет од 100MW во Јужна Австралија. Она што личеше само на амбициозен план, се претвори во реалност, и тоа многу доходовна реалност.  Со оглед дека се работи за регион кој се соочувал со чести прекини во напојувањето со електрична енергија, со овој систем се обезбедува доволно енергија за 30.000 домови.

Сопственикот на овој батериски систем објави соопштение за медиумите, во кое се наведува дека во првата година од раотењето на системот, остварени се заштеди од 40 милиони американски долари. Ако се има предвид дека инвестицијата чини 66 милиони долари, сосема е извесно дека проектот ќе се исплати самиот, дури и пред истекот на втората година во експлоатација.

Текстот Батеријата на Tesla и донесе на Австралија заштеда од 40 милиони долари е превземен од USB.mk.