Беспилотно летечко такси за првпат полета во САД (ВИДЕО)

Кинескиот произведувач на дронови EHang за првпат демонстрираше автономно летечко такси во САД.

Станува збор за целосно електрично летало кое во лет мина 5 минути над патеката за тестирање во Северна Каролина. Тестирањето го набљудуваа стотина луѓе, меѓу нив и гувернерот Рој Купер.

Ова е прв пат кинеската компанија да добие дозвола за лет од Американската федерална администрација за авијација.

EHang 216 на однапред испланираната рута леташе со брзина до 130 км/ч. Леталото е тешко околу 270 кг и може да подигне товар со толкава тежина. Сè уште проектот е во рана фаза, а примарно сега се користи за панорамско разгледување.

Компанијата тврди дека досега има извршено повеќе од 2.000 тестирања во Кина, Австрија, Холандија, Катар и Обединетите Арапски Емирати. Во EHang се уверени дека летечките автомобили ќе станат одржлив начин на транспорт во градовите.

Извор: Klix.ba

Текстот Беспилотно летечко такси за првпат полета во САД (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.