Бионички печурки кои произведуваат електрична енергија

Истражувачите при Стивенс Институтот за технологија, во својот најнов потфат земале обична печурка од самопослуга и ја направиле бионична, додавајќи и 3D испечатени кластери на цијанобактерии кои генерираат електрична енергија, пренесува Science Daily.

Ваквите хибриди се дел од поголемите напори за подобрување на разбирањето на биолошките механизми на клетките и за тоа како овие сложени молекуларни запчаници може да се користат за производство на нови технологии и корисни системи за одбрана, здравство и животна средина.

“Во овој случај, нашиот систем – оваа бионичка печурка – произведува струја“, рекол Ману Мануор, асистент професор по машински инженеринг во Стивенс. “Преку интегрирањето на цијанобактериите кои можат да произведат електрична енергија, бевме во можност подобро да ги искомбинираме уникатните својства на двете, истите да ги зголемиме и да создадеме сосема нов функционален бионички систем“, додал тој.

Способноста на цијанобактериите за производство на електрична енергија е добро позната, но сепак, истражувачите биле ограничени во користењето на овие микроорганизми во биоинженерните системи, бидејќи тие не преживуваат долго на вештачки био-компатибилни површини.

Текстот Бионички печурки кои произведуваат електрична енергија е превземен од USB.mk.