Човештвото произведува сто пати повеќе јаглерод диоксид отколку сите вулкани заедно

Судејќи според резултатите на студијата која трае веќе цела деценија и собира тим на интернационални научници, човештвото емитира 100 пати повеќе јаглерод диоксид од сите вулкани на земјата заедно.

Имено, вкупното количество јаглерод диоксид кои го емитираат вулканите изнесува само 0.3 до 0.4 гигатони годишно, што е само делче од 37 гигатони, колку што човештвото произвело во текот на 2018. година. Тоа значи дека вулканите не се толку значајни фактори во загревањето на планетата како што предлагаат одредени теоретичари, кои товарот на емисијата на штетни гасови сакаат да го стават на плеќите на вулканите, и така човекот барем донекаде да го ослобат од одговорноста.

Во далечното минато имаше инциденти кои потсетуваат на количествата јаглед диоксид, кои денес ги произведува човекот, а последиците биле катастрофални. Еден од таквите инциденти беше и ударот на астероидот Chicxulub, кој се случил пред околу 66 милиони години, и кој како што се проценува, ослободил некаде помеѓу 425 и 1.4440 гигатони јаглерод диоксид.

Бидејќи ударите на астероиди се работа на далечното минато, човекот одлучи да ја преземе нивната улога во уништувањето на планетата, па количествата јаглерод диоксид, кои благодарение на човечките активности се испуштаат во атмосферата во последните 10 до 12 години можат да се мерат со некои други катастрофални настани од Земјиното минато. За количината на овој гас да се врати во нормала, ќе биде потребно некое време и научниците тврда дека тоа ќе се случи, но за временски период кој е толку голем, што не значи ништо за спас на планетата.

 

Текстот Човештвото произведува сто пати повеќе јаглерод диоксид отколку сите вулкани заедно е превземен од USB.mk.