„Дипфејк“ технологијата наскоро ќе овозможи совршено реални лажни видео-снимки (ВИДЕО)

„Дипфејк“ технологијата (Deepfake), што подразбира дигитално уредување, монтирање и фотомонтирање снимки, е во многу брз развој и наскоро, веројатно нема да може да се препознае дали станува збор за вистинска или лажна видео-содржина.

Пионерот за оваа технологија, Хао Ли неодамна во интервју за Си-ен-би-си изјави дека софтверот за „совршено реални“ дигитално манипулирани видеа може да биде достапен за шест месеци или една година.

– Сегашните „дипфејк“ снимки се лесно забележливи, но има и такви што изгледаат убедливо, додава Хао. Тој предупредува дека тоа постојано се унапредува и оти наскоро ќе биде тешко да се препознае лажната од вистинската содржина, поради што ќе треба да се најдат различни решенија.

Напредокот на таа технологија во голем дел е пресликан во популарната кинеска апликација „Зао“, којашто му овозможува на корисникот, на пример, да го монтира својот лик врз лицата на актерите во ТВ-емисии и филмови.

– Ние веќе знаеме како се прави тоа. Потребно е само малку усовршување на функциите, вели Хао.

За да покаже до каде е нивото на развој на оваа „Дипфејк“ технологија, Ли претстави лажен видеозапис со ликот на рускиот претседател Владимир Путин прикажан на Технолошката конференција на МИТ минатата недела.

Текстот „Дипфејк“ технологијата наскоро ќе овозможи совршено реални лажни видео-снимки (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.