Џиновски отпечатоци од диносаурус пронајдени во Австралија (ВИДЕО)

Во Квинсленд, Австралија се пронајдени добро сочувани отпечатоци од диносаурус, стари околу 95 милиони години, пренесува CNN.

Пронајдени се околу 20 отпечатоци кои припаѓаат на големиот сауропод, тип на диносаурус кој имал долга опашка и труп, но дебели и кратки нозе. Некои видови сауроподи биле исклучително големи иако во случајов не е направена процена на величината на диносаурусот.

За диносаурусот сауропод откриен во 1999 година во Австралија се проценува дека бил тежок околу 20 тона.

На локалитетот исто така има и добро сочувани траги од помали диносауруси.

Текстот Џиновски отпечатоци од диносаурус пронајдени во Австралија (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.