EasyJet воведе библиотека со 60.000 книги во своите авиони

Компанијата  EasyJet им овозможува на своите патници да позајмат книга и така да го поминат летот. Над 60.000 книги се достапни на 300 летови. Се работи главно за детски книги, и главната цел е да им се помогне на семејствата кои патуваат со деца. Книгите се наоѓаат во џебовите на седиштата. Оваа нова програма на компанијата, вклучува и забава на самите терминали за патниците кои летаат од аеродромот Лондон Лутон. Станува збор за низа активности кои вклучуваат ликови од детските книги.

Текстот EasyJet воведе библиотека со 60.000 книги во своите авиони е превземен од USB.mk.