Единствен пронајдок: Откриени гробници стари повеќе од 500 години

Тим археолози во Боливија открија гробници со повеќе стотина артефакти и човечки остатоци стари повеќе од 500 години.

Археолозите сметаат дека ги пронашле гробниците на Пакахес народите, пренесува Ројтерс.

Министерството за култура и туризам на Боливија го одобри ископувањето пред три месеци, бидејќи археолошки остатоци беа пронајдени во текот на ископините за еден рударски проект.

Министерката за култура и туризам на Боливија, Вилма Аланока изјави дека пронајдокот е “единствен и без преседан”.

Текстот Единствен пронајдок: Откриени гробници стари повеќе од 500 години е превземен од USB.mk.