Елон Маск го прикажа „вознемирувачки долгиот” тунел под Лос Анџелес (ВИДЕО)

Милијардерот Елон Маск, кој е сопственик на Tesla и SpaceX, на Twitter објави видео како изгледа внатрешноста на тунелот што го гради неговата компанија Boring Company под Лос Анџелес.

Тест-тунелот за супербрз превоз на патници од декември ќе биде оперативен. Веста, како и обично, доаѓа од Twitter-профилот на Маск.

Милијардерот објави дека тунелот е ,,вознемирувачки долг”. Според американските медиуми, се добива впечаток дека главниот извршен директор на Boring Company не е сигурен дали градбата ќе ја исполни својата задача – да обезбеди брзо подземно патување. Маск изјави неодамна дека тунелот ќе биде готов до крајот на годинава.

Првиот дел од тунелот, што го претстави Маск во видеото долго 34 секунди, ќе биде отворен за пешаци и за велосипедисти на 10 декември.

Тунелите треба да се искористат за тестирање на „хиперлуп“ превозот. Станува збор за супербрз превоз на патници. Во теорија, кабината со која ќе се пренесуваат патниците ќе може да се движи со брзина од 220 км/ч.

Во продолжение погледнете како Маск го замислува градскиот превоз во иднина, кој на 10 декември први ќе имаат можност да го тестираат жителите на Лос Анџелес.

Текстот Елон Маск го прикажа „вознемирувачки долгиот” тунел под Лос Анџелес (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.