Елон Маск наскоро ќе го отвори првиот јавен тунел (ВИДЕО)

Маск на социјалните мрежи потврди дека наскоро за јавноста ќе биде отворен првиот тунел во кој сите заинтересирани ќе го искусат транспортот на иднината.

Визијата на Маск за ултра-брз транспорт вклучува тунели, а првиот од нив ќе биде отворен веќе во декември. Поточно, 10 декември, кога на јавноста ќе и биде преставен тестниот тунел во Хоторн, Калифорнија.

Станува збор за тунел со вкупна должина од 3,2 км, кој го поврзува паркингот на SpaceX со 120-та улица. Тунелот е изграден со цел истражување и развој, а од 11 декември, сите заинтересирани страни ќе се запознаат со овој иновативен транспортен систем познат под името Loop. Возењето се базира на автономни капсули со капацитет до 16 патници кои патуваат по шини и се движат со брзина до 250 km/h. Тука е и Loop лифтот што ги подига и ги спушта овие возила, а самото возење е бесплатно.

Boring Company планира Chicago Express Loop кој би го поврзувал центарот на градот и аеродромот O’Hare, а патувањето би траело само 12 минути.

Текстот Елон Маск наскоро ќе го отвори првиот јавен тунел (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.